Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала до умерена локална облачност

Следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. До сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Денес, четврток, 3 сепрември, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите во Битола до 31°С.

Утре, петок, 4 сепрември, времето во Битола ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите во Битола до 27°С.