Press "Enter" to skip to content

Последна контрола на Еурофарм Пелистер пред заминувањето за Атина

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 30:28 (13:14)

Ракометарите на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола, вчера ја одиграа последната контролна средба пред заминувањето за Атина, Грција, каде ќе учествуваат на силен ракометен турнир

Ракометарите ги одмерија силите во Битола, против “братската“ екипа Еурофарм Пелистер 2, а вториот тим на Еурофарм од Битола дадоа одличен отпор. 

“Помладите“ го добија првото полувреме со 13:14, а имаа предност до 50. минута кога поискусните успеаја се изборија за предност. Пресвртот дојде во завршницата така што на крајот победата им припадна на поискусните.

Еурофарм Пелсистер, тимот на Жељко Бабиќ на овој дуел играше со комбиниран состав. Им даде шанса повеќе на оние играчи кои играа помалку досега, па ова беше можност да се наметнат пред натпреварите на турнирот во Атина, кој започнува во петок.

More from СпортMore posts in Спорт »