Press "Enter" to skip to content

Ротари клубот Битола и “Хемометал“ со донација во библиотеката во село Бабино (фото)

Ротари клубот Битола во соработка со компанијата “Хемометал“ – Битола сопственост на ротаријанецот, Мирко Велковски, денес на библиотеката “АЛ БИ“ во село Бабино му подари моторна тревокосачка со корпа, со цел одржување и разубавување на прекрасниот простор од околу 3.500 м2 во кој се чувствува духот на минатото, трајните вредности, но во кој се гледаат и потенцијалите за развој на иднината.Донацијата беше врачена од дел од членовите на Ротари клубот Битола, а од страна на домаќинот гостите беа почастени со традицонални пијалоци и храна од Бабино. При посетата беа вкусени и млечните производи на “Вемилк“ Битола.

При посетата на Библиотеката, членовите на Ротари клубот кои со оваа институција имаат долготрајна соработка го искажаа своето задоволство од значењето на вредностите кои се чуваат таму, а дадоа и признание на истрајноста и ентузијазмот на Стево Степановски.Беше ветено дека и во иднина во рамки на својата програма и активности клубот ќе продолжи да ја помага библиотеката, а беше упатен и повик до сите љубители на убавиот збор да го посетат ова прекрасно катче со традиционален изглед во кое има и етно соба и огромен фонд на ретки и уникатни книги, со кои се зачувува духовното и историското значење на нашиот народ и култура.Од клубот, изјавија дека на овој начин ротари помагаат кон зачувување на општите вредности и афирмација на позитивните активности на поединци и групи и ветија дека во иднина ќе продолжат со својата мисија.