Press "Enter" to skip to content

Ни на паркинг, ни на улица, само да не се плати за паркинг во Битола (фото)

Сиромав човек, жив ѓавол, гласи една народна поговорка, а во време на криза и сиромаштија сме сведоци како граѓаните во Битола се “снаоѓаат“ да избегнат некоја давачка, па макар и минимална и да заштедат некој денар.

Ваков пример регистриравме на паркингот пред стоковната куќа “Јавор“ во Битола, каде возило “опел корса“ беша паркирано така, како рекоа луѓето, да не може да му се фати крај. Половина возило на уличката која е дел од Старата чаршија во Битола, а половина на јавниот паркинг, на место кое одбележано дека не смее да се паркира.

Иако возачот се паркрирал и не платил сепак ризикот од вакво паркирање е голем за него и неговото возило, може некој да му оштети возилото или пак да плати казна на непрописно паркирање, тој сепак се одличил на овој потег.