Press "Enter" to skip to content

Прва победа на Еурофарм Пелистер на турнирот во Атина

Еурофарм Пелистер -Анортозис 27:20 (15:13)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола со победа стартуваа на меѓународниот ракометен во Атина, Грција. Битолчаните на вториот натпревар на првиот ракометен ден во Атина, на денот на пристиганувањето од Битола, ја победија екипата на Анортозис од Кипар, со резултат 27:20, полувреме 15:13.

Еурофарм Пелистер на стартот поведе со 3:2, потоа на 5:3 по што следуваше израмнување 5:5. Потоа следуваше добра игра до крајот на првото полувреме кое за заврши 15:13.

Второто полувреме беше во знак на Еурофарм Пелистер, кој со добра игра во напад и одлична одбрана стигна до +7 (21:14).  Со исто толку разлика заврши и натпреварот 27:20.

Утре екипата на Еурофарм Пелистер игра против екипата на Диомидис Аргус од Грција.

More from СпортMore posts in Спорт »