Нови шест лица во Битола се заразени од ковод-19 во последните 24 часа. Лицата се на возраст од 11 до 78 години. Од вкупниот број на новозаболени пет лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице, и се поврзани во еден фамилијарен кластер од Битола.
Денес регистираме и двајца оздравени пациенти од Битола.
Инаку, во последните 24 часа се направени 1.486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19.
Починати се 3 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациент, од кои двајца од Битола.
Досега во земјата се направени вкупно 154.948 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.871, бројката на оздравени пациенти е 12.054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.208.






