Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола претежно сончево време со посвежи утра, дневната температура во пораст

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра, а дневната температура до средината на неделата ќе биде во пораст, а потоа нема многу да се менува.

Денес, сабота, 5 септември, времето во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Температурата во Битола до 26°С.

Утре, недела, 6 септември, времето во Битола ќе биде сончево и потопло преку денот со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 30°С.

More from БитолаMore posts in Битола »