Press "Enter" to skip to content

“Ars Longa“ промоција на млади уметници, кои се и млади хуманитарци (фото)

-“Ars longa “го нарековме ние, уметноста е долга, сфатете го вие!

-Младите уметници од Битола со проектот “Ars Longa“  дадоа свој придонес во центарот борба против Ковид 19

“Ars longa“  проект во Битола организиран од “Interact Shirok Sokak Bitola“ кој има за цел да ги промовира творбите на младите и неформирани уметници. Во овој проект млади талентирани уметници твореа  изразувајќи ги своите идеи во дела. Маици, маски, торби, фотографии беа исцртани, насликани со мотиви инспирирани од нивните оригинални идеи, мисли, чувства, емоции… Изработките  беа  изложени на штандови пред музејот во  Битола каде битолчани можеа да ги купат. Со собраните средства  да се даде придонес во центарот за борба против Covid-19.Проектот започна на 31 август и траеше до 6 септември во Битола. Секој ден во текот на седмицата  од 18:30 до 20:30 часот, на нашиот штанд поставен пред музејот  кај фонтаната, се продаваа изработките од нас млади уметници! Маици, маски, фотографии, платнени  торби исцртани, направени со голема љубов, битолчани имаа можност да си купат од изработките и со тоа да имаат маица, маска, торба, фотографија оригинално насликана и единствена. При тоа тие придонесоа да помогнат на еден начин бидејќи собраните средства ќе одат во Центарот за борба против Ковид 19, пандемија закана за денешниот свет, ни рекоа младите уметници од Битола.-На просторот пред музејот во Битола направивме мало уметничо катче каде покрај штандот  со изработки, истовремено имаме придружба од музички групи на млади изведувачи кои помагаат овој настан да биде што е можно поинтересен, ни кажаа младите ентузијасти,  кои како прави хуманитарци не сакаа да ги споменеме нивните имиња.

Младите уметници од Битола докажаа дека со оваа промоција на младите уметници се залагаат да се даде и што поголема вредност на уметноста. За на крај да го кажат и своето мото: нашата “Ars Longa“ е промоција на овие млади уметници “Ars longa“ го нарековме ние, уметноста е долга сфатете го вие!

Ж.Р.