Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен од домаќинот АЕК Атина во завршницата на турнирот

АЕК – Еурофарм Пелистер 31:29 (17:12)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола е поразен во Атина, Грција на последниот натпревар на турнирот од домаќинот АЕК со резултат 31:29, полувреме 17:12. Со победата домаќините го задржаа пехарот за најдобра екипа во своите клубски витрини, а ова е прв пораз на Еурофарм Пелистер во подготвителниот период.Еурофарм Пелистер не успеа во Битола да се врати со втор по ред пехар, по победата на Струшкиот турнир, иако имаше подобра игра на почетокот, кога имаа два гола предност, а на средината на полувремето домаќините дојдоа до прво израмнување 7:7. Потоа следуваа минути во израмнет резултат до 12:12, а потоа лош крај на полувремето за ракометарите од Битола, кога имаа серија од 0:5, за 17:12 за крај на полувремето.

На старот на второто полувреме разликата беше -8, за да се дојде и до 29:21. Последниот период од играта битолчани намалија на -2 но малку за пресврт на натпреварот и победа над домаќинот.Најефикасен во Еурофарм Пелистер бепе Мандалиниќ со 10 постигнати голови, Периќ и Маџовски погодија по 4 пати, се се истакна и голманот Чаневски со 11 одбрани.

Еурофарм Пелистер не се враќа веднаш во Битола, останува во Атина, а за два дена повторно ќе игра до АЕК, но овој пат на пријателски контролен натпревар.

Photo: https://www.aek.gr

More from БитолаMore posts in Битола »