Синдикалната подружница на РЕК Битола поради корона кризата и вонредните мерки за заштита од ковид-19 не ги одржа традиционалните спортски работнички игри, но не ги заборави спортските ветерани.
Менде Фидановски, претседател на синдикалната подружница на вработените во РЕК Битола за тоа како го одбележаа Денот на рударите вели:
-Минатата година се одржаа работнички спортски игри во авто-кампот “Ливадиште“ на кој учествуваа најголем број од РЕК Битола, кои освоија голем број на награди. Оваа година поради корона кризата не се одржаа, а ние како Синдикат по повод Денот на рударите наградивме тројца наши членови, за континуирано учество на спортските игри. Драги Ночевски, Миле Кочовски и Николина Китановска, се наградените спортски ветерани, кои учествувале на скоро сите работнички спортски игри на ниво на ЕСМ и учесници на скоро сите работнички спортски игри по повод денот на рударите.
Фидановски вели дека оваа година како Синдикат на РЕК Битола наградиле и двајца вработени, од надворешни фирми кои работаат во РЕК Битола.
-Деан Трајковски и Сашо Јовчевски од компанијата “СВ Инвест“ наградени за извонредно залагање во поплавите кои го зафатија рудник “Суводол“, за кои само ќе кажам дека се дел од лицата, кои се не штедеа при справување со поплавите, а едниот со пливање низ водата стигна до багерот за да изврши интервенција.






