Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана кога напаѓачот употребува нож

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-ценатот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога нападот доаѓа од напред, а напаѓачот употребува нож, со примена на техника од реален аикидо.

Кога нападот го изведува напаѓачот со нож во левата рака, обраната од нападот започнува во истиот момент кога започнува и нападот. Прво во моментот на ударот ја блокираме левата рака на напаѓачот, со удар со нога во пределот на неговиот лакт, од внатрешната страна. Потоа со левата рака удираме во пределот на неговата глава и продолжуваме да го ротираме на долу-на тлото, додека не го онеспособиме и ја преземеме контролата на ситуацијата.

На фографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо.