Поради немање на протоколи за тренинг и натпревари за боречки вештини членовите на џудо клубот Пелистер од Битола се “пресели“ во Градскиот парк.
За оваа одлука да се тренира во паркот, тренерот Ѓуро Илиќ, мајстор по џудо и реален аикидо, вели:
-Се уште немаме протоколи за тоа како да ги изведуваме тренинзите во затворен простор, односно во нашиот случај, во Будо центарот во Битола, каде работиме веќе педесетина години. Но, се надеваме дека и нашата ферерација за брзо ќе ги изготви протоколите, како и за другите боречки вештини, па затоа мора да се подготвуваме. Работиме тренинзи во градскиот парк, секако со ограничени активности, а се надеваме дека ќе се подготвиме за наредните државни првенства и полагање за појаси.
-Ова време, додава Илиќ, го искористевме и за подготовка на нови видео материјали, кои за брзо ќе ги промовираме, кои се дел од нашата програма за оваа година, која за нас беше јубилејна, славевме 50 години, џудо клуб Пелистер во Битола.

И Будо центарот се “пресели“ во Градскиот парк во Битола (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар по поразот: немавме решени за нивната игра, примивме лесни голови, а паднавме без “испукан куршум“
- Пораз на Еурофарм Пелистер во Битола во 1. коло од Лига Европа, а се беше подготвено за успех (фотогалерија)
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!





