Press "Enter" to skip to content

Како да креираме ефективна содржина на нашата електронска порака

Проект “Комуникација“ за подигање на свеста на населението “ЕУ Институт Скопје“ и “Bitolanews“ – Битола.

Секоја порака потребно е да содржи соодветен текст, се разбира во однос на она што е потребно да пренесе како информација. За да напишеме квалитетна електронска порака потребно е да ги имаме во предвид следниве зададени насоки.

Секоја порака мора да има цел која ја пишуваме веднаш во првата изјава на нашето излагање. На овој начин даваме јасно до знаење што сакаме да пренесеме како информација со нашата порака. Ова е во првиот пасус. Се друго следи подолу во пораката.

Пример:

Почитувани,
Ви се обраќам за да ве известам дека на ден Вторник, 01 Септември, 2020 година, со
почеток во 10h, имаме тимски координативен состанок во сала за наставнички совет на
кој ќе се утврди работењето со учениците и комбинирана on-line настава“…ОРГАНИЗИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ЕЛЕКТРОНСКА ПОРАКА

Секоја содржина од темите за кои ќе информираме со нашата порака за да биде квалитетно организирана потребно е да се подели во посебни целини, пасуси.

Темите за кои ќе информираме со пораката ги пишуваме во првата целина, на самиот почеток, веднаш со давање на првата информација, цел на пораката.

НАПОМЕНА:

Внимавајте да не испраќате пораки кои се во една целина споени и не изледаат соодветно. Значи секоја тема потребно е да се стави во посебна целина. Различни теми секогаш се ставаат во различни подточки.

КОЈА Е ГЛАВНАТА ЦЕЛ НА НАШАТА ЕЛЕКТРОНСКА ПОРАКА ?

Суштината на главната цел на испраќање на електронската порака е концепциски, но и визуелно да биде добро организирана за да примачот може добро да ја разбере пораката. Не користете сленг, жаргонски изрази при креирање на текстот. Внимавајте секогаш тој да е ефективен и деловен.

ШТО Е ПРЕПОРАЧЛИВО ДОКОЛКУ ИМАМЕ ПОВЕЌЕ ТЕМИ ?

Доколку имаме повеќе точки, теми за кои информираме со пораката во тој случај препорачливо е на крајот од самиот текст на пораката да ги повториме односно сумираме со една реченица.

КАКО Е ПОТРЕБНО ДА ИЗГЛЕДА КРАЈОТ НА ПОРАКАТА ?

Секоја порака потребно е да содржи почеток и крај.

На крајот од самата порака, во последната изјава секогаш ставете можност, опција за дополнителна поддршка.

Најдолу потпишете се со полно име и презиме, соодветен потпис. Доколку имате титула на пример сте магистар и професор доктор, во тој случај обавезно додадете ја пред вашето име и презиме.

Под вашиот потпис ставете ја институцијата каде што работите, под неа држава во која се наоѓате. Напишете ваша електронска ( e-mail ) адреса и секако личен телефонски контакт.

Можете да ставите и фиксен телефон од вашата кнацеларија и институцијата во која работите, се разбира доколку имате. Доколку имате Linkedin деловен профил или ваш youtube канал слободно можете и тоа да го додадете.

Со ваквиот вид на комплетни информации во вашиот потпис, примателот на вашата електронска пошта на кога му ја испраќате во секое време ќе може да се информира за вас и да ве контактира електронски или теефонски.

За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не
контактирате на: info@euinstitue.euЗа учество на on-line вебинар на 24, 25, 26 и 27 август, од 10 -13 часот

ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ (10 Модули) можете да се пријавите на
директен линк:
https://www.cognitoforms.com/EUInstitute2/ОСНОВИНАДИГИТАЛНАПИС
МЕНОСТ

СЕКОЈ УЧЕСНИК ДОБИВА СЕРТИФИКАТ !

За сите 10 Модули се добиваат 2 Сертификати.