Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: моделирање на добри манири и културно однесување кај децата

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

-Децата  се добри ученици, но уште подобри имитатори. Какви однесувања  моделирате за нив? Децата ги учиме на добри манири, но на нељубезен начин.

-Децата многу повеќе учат од она што сте, отколку на она што ги подучувате“-W.E.B. DuBois.

Замислете си ја оваа ситуација. Излезени сте  во ресторан и поминувате убаво време со  семејството и откако ги нарачувате јадењето од менито, твојот партнер ти шепоти на уво, дали му рече “те молам“ на келнерот, потсетувајќи на добри манири. Колку некултурно! Си помислувате, дали си помислува дека сум дете или така нешто? Како возрасни обично ги форсираме децата да почитуваат и да бидат љубезни, со што забораваме дека при тоа не ги охрабруваме. Туку обратно. Вообичаено сите ние ги учиме децата на добри манири, но обично тоа го правиме на груб (нељубезен) начин.  Тоа е точно, користиме нељубезност за да ги научиме  на љубезност. Многу нелогично?  

Не можаш да контролираш друга личност. Можеби тие ќе кажат „те молам“ и „благодарам“ во правилно  време за да го избегнат твоето неодобриување или проценување, судење. Но дали навистина така мислат и се чувствуваат? Или  дали доаѓа од нивното срца? Не баш. Има многу поголема смисла (и повеќе е ефективно) да ги моделираме нивните избори и вредности кои ви се важни. Изгледа дека на возрасните им треба повторно да се преиспитаат на добри манири и нивно пренесување кон децата.Начини кои ВОЗРАСНИТЕ би требало да ги практикуваат:

1. Кажете, благодарам (фала)

Понекогаш  ги гушиме добрите манири наместо, позитивно да ги поттикнуваме. Секој кој е загрижан за контрола на децата низ пофалби и почесто слушате „ти си добро девојче или момче“ наместо спонтано, звтентично од срце „ти благодарам.“ Но секако вие знаете што има поголема смисла? Тоа не е најпочитувано и љубезно да се направи, но најдобар начин за учење на добри манири.

2. Извинувајте се кога сте погрешиле

Толку многу луѓе форсираат неискрени извинувања од своите деца, но тие самите кога направат нешто погрешно, не се извинуваат. Да, најчесто возрасните не се извинуваат. Со тоа не им покажуваат правилен модел на однесување на своите деца. Најдобар начин за да се охрабруваат нештата е да вреднувате всушност модел за нив со пример од себе. Кога ќе направите грешка ИЗВИНЕТЕ СЕ. Децата го заслужуваат тоа. Тие се луѓе.

3. Бидете вниметелни и не одлучувајте за нивните работи

Не допирајте туѓ имот –  без дозвола. Тука се вклучени и децата. Не ги фрлајте нивните играчки, одземате работи, прераспределувате: нивна соба, полици… или не одлучувајте за работи кои им  припаѓаат нив, без нивна дозвола. Децата имаат право да имаат сопствени работи. Сакате да ги почитуваат вашите работи, почитувај те ги нивните.

4. Слушајте ги внимателно кога зборуваат

Кога некој ти зборува, љубезно е да го ислушаш. Ако сакаш да те слушаат, тогаш слушај ги другите. Слушајте внимателно кога ви се обраќаат, зборуваат децата.

5. Немојте да правите шега на нивна сметка (не им се потсмевајте)

Не е културно да му се потсмеваш на некого или да се шегуваш со нив. Тоа не би требало да се менува со возраста.6. Биди умен и толерантен

Децата кога се на јавно место се обично тешки. Можат да прават незгоди. Но, бидете толерантни и Колку да личи  претерано,  кога децата уживаат на јавно место.ако не те повредуваат или кршат работи, можеби сакаат да се издуваат. Апсурдно е да сакаш децата да имаат повеќе „манири“додека тебе ти е дозволено да бидеш некултурен и да вриеш.

7. Одговарај им кога ти се обраќаат или зборуваат, колку и да си зафатен

Одговарај им на прашања, слушај ги нивните мисли, земај ги во предвид нивните опции како со секого. Ако си неспособен да го направиш тоа во моментот, преокупиран со своите работно обврски, само љубезно објасни му, да зборувате и деке ќе го сослушате, чуате нувното мислење подоцна.

8. Почитувајте ги како возрасни личности

Многу возрасни обично сметаат, мислат дека автоматски заслужиле почит врз основа на нивната возраст, без обзир на тоа како се однесуваат. Тоа не оди така.Ти заслужуваш да те третираат со почитување, но тоа нема да оди ако не заслужуваш и ти не ги почитуваш другите. Децата ги заслужуваат истите права и респект како и возрасните.

9. Не оговарајте и не зборувајте лошо или судите за други личности

Зборувајќи негативно за луѓето ( посебно пред нив децата) не е културно. Истото важи и кога зборувате за однесувањето на  децата пред други луѓе. Не  кажувај, донесуваш суд или  приказни за нив со кои ќе ги засрамуваш. Не се жали од нивното однесување. Споделувајте ги нивните дилеми, грижи, чувства насамо, кое е многу различно од отворено засрамување, понижување, навредување пред други. (Тука се подразбира и физичко казнување).

10. Почитувајте ја автономија на нивното телото

Не ги допирајте нив без да ги прашате. Дали ќе биде да ги кренете, избришате нос, штипкате ,и уште многу други нешта кои ги правите со децата без нивна дозвола. Некултурно и несоодветно е да го допираш некого без негова согласност. Не им наредувајте, како да се облекуваат, кога да одат на спиење, кога да јадат, како да ја носат фризурата и косата, или се што е поврзано со нивното тело! Тоа не би им го кажале на некој возрасен. Да, секако  како родител треба да се грижите за нивното здравје, да ги заштитуваш, и да се грижиш за нивното здравје.но тоа не го правете без да ја надвладеете нивната автономија и тие да одлучуваат за работи поврзани со нив.

11. Не ги пропуштајте нивните чувства

Кога возраен е вознемирен не ти паѓа на ум да му кажеш да престане да биде загрижен, плаче, дека не е толку лошо тоа за што се грижи, или дека  нема причина да биде вознемирен. Само заради тоа што децата се уште учат да ги регулираат своите  емоции. Тие  ги чувствуваат поинтензивно, но тоа не значи дека се помалку валидни, значајни..  Никогаш не е соодветно да му се кажа некому да престане да плаче или како да се чувствуваат.. најправилен одговор на емоција секогаш е емпатија.