Press "Enter" to skip to content

“Pelister Downhill Cup #8“ донесе многу натпреварувачи и гости на Пелистер (фотогалерија)

-Вчера на Пелистер се одржа “Pelister Downhill Cup“, а на Пелистер како на битолско корзо, многу луѓе на патеките, на Копанки, Голема Ливада, а кај Детското каде беше целта на трката многу адреналин, забава, уживање.

-Екипа на bitolanews беше по целата патека од стартот на Копански, на патеката, на скоковите, на целта и преку фотографии ви ја пренесуваме целата атмосфера.Убавиот септемвриски ден создаден за на планина, а посебно убав за одржување на традиционалната осмиот по ред “Pelister Downhill Cup“ кој го организира “Extreme bike team“ од Битола. Овој “Pelister Downhill Cup“ беше повод и за многу битолчани да се упатат кон падините на Баба планина да го искористат, покрај за гледање на овој се поатрактивен планински спорт и за пешачење, пикник на чист воздух.Но, голем дел, не само од Битола, туку и од други градови, дојдени за традиционалниот “Pelister Downhill Cup“, да ги гледаат велосипедитите како храбро со своите модерни, планински, велосипеди се спуштаат на определената патека од Копанки каде беше стартот до Детското одморалиште до  целта.На целата патека имаше многу луѓе кои ги бодреа натправарувалчите чекајќи да видат некој бравурозен скок на велосипедистите, а денот како создаден и за натпреварувачите и за гледачите, бидејќи не беше многу топло.-Добро е што од година во година има се поголем интерес како за натпреварување, така и за гледање од страна на љубителите на овој спорт од Битола. Ме радува што планината е полна со луѓе насекаде од стартот до целта, ни рече Тони Котевски, од “Extreme bike team“ од Битола. Волонтерите на Црвениот Крст беа на своите места, Филип  ни кажа дека добро е што трката поминува добро и безбедно. Имаше двајца велосипедисти кои паднаа, но без повреди, што е за изненадување со тоа што патеката е стрмна и опасна, како и овој вид на велосипедизам.Жичарата работеше во текот на целиот ден, многу велосипедисти со своите велосипеди се искачуваа до Копанки каде беше стартот на велосипедската патека. Тука велосипедистите се одмараа после квалификациите и го чекаа стартот на трката.Целта кај Детското одмроралиште беше најпосетена, а тука тимовите ги пречекуваа своите натпреварували, а се беше како да не сме во Битола, туку во некој модерен ски центар на Алпите, каде се нуди забава за сите.Шанкови со кафе, пијалок, забава со ди-џеј, водител кој ги информираше гостити и натпреварувачите во “real time“, со еден збор сите кои беа тука на Пелистер, а посебно на целта ќе ги паметат овој ден, кои “избегаа“ од Битола,  како ден идеален за на Пелистер, за на “Pelister Downhill Cup“.Сите кои пристигаа на целта, со атрактивен скок на целта, на целната удолница, беа дочекува со аплаузи, како знак на чест на нивната храброст, кој патеката од Копански до Детското одморалишете ја поминуваа со своите велосипеди за околу четири минути, а најдобрите и за помалку.

Секако најповеќе аплаузи, освен најдобрите, добија и ветераните во мастерс категоријата, кои се и основачи на овој спорт во Битола, како Андреј Нашоку, кој сеуште е активен.

Но, покрај атеката на “Pelister Downhill Cup“ и сите патеки низ националноиот парк Пелистер, кон Голема Ливада, Црвени Стени, Палиснопје, Јоргов камен, преполнои  со рекреативци од сите возрасти. Тука се разбира најпрво оние кои планинарат секојдневно и веќе се познаваат меѓу себе кога се сретнат на патеките.  Поздравувајќи се меѓу себе како што е ред и обичај на планина забележаа дека голем број луѓе овој ден се на планина. Последниот ден од викендот пред работната недела и обврски како секој да сакаше да се оддалечи од секојдневните проблеми на ова “време, невреме“ во кое се живее.Далеку од вести за пандемијата, заболени од ковид, секојдневните вести од политика, економија, образование… како секој да сакаше во мирот, чистиот воздух, зеленилото на боровите, зраците на сонцето кои се пробиваат низ дрвата кон папратите да заборави макар на еден ден дека и постои корона вирус или други проблеми.  Без маски, со своите најблиски секој си најде свој мир и релаксирање  на Пелистер.Екипа на bitolanews

More from БитолаMore posts in Битола »