Press "Enter" to skip to content

Нови петмина заболени во Битола од ковид-19, оздравен 1 пациент

Денес во Битола  се регистрирани петмина новозаболени од ковид-19, лица на возраст од 27 до 56 години. Од петте заболени во Битола,  две лица даваат податок за контакт со веќе позитивно лице од најблиското семејство.

Регистриран е само еден оздравен пациент во Битола, соопшти министерството за здравство, на нивниот официјален фејс-бук профил.

Во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19.

Починати се 2 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти од кои еден во Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 181.034 тестирања на Ковид -19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17200, бројката на оздравени пациенти е 14312, на починати е 712, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2176.

More from БитолаMore posts in Битола »