Press "Enter" to skip to content

ОУ “Александар Турунџев“ од Кукуречани учесник  на Европскиот ден на спорт во училиштата

Одбележувањето на Европскиот ден на спорт во училиштата, е во организација на Федерацијата на спортски педагози, која во соработка со основните и средните училишта организира онлајн спортско-рекреативен настан.

Преку фејбук страната на  Федерацијата на спортски педагози/ Federation of sport pedagogue, сите ученици, наставници, родители и љубители на вежбањето кои претходно потврдиле присуство на настанот „Европскиот ден на спорт во училиштата“,  се вклучуваат на онлајн сесиите.

Настанот е во  четири сесеии со различни видови на вежби и активности во времетраење од 30 секунди, почнувајќи во 10.00, 12.00 , 14.00 и 16.00 часот. Помеѓу сесиите има спортско-едукативен нагрдаен квиз. Правилата за учество во квизот се јасно определени и истите се објаснати за време на настанот.

Училиштето „Александар Турунџев“ од с. Кукуречани, со радост ја прифати поканата да земе активно учество во одбележувањето на овој ден, потенцирајќи ја на тој начин потребата од редовната физичка активнот, како еден од најважните сегменти во градењето на психо-физичкото здравје кај учениците.

Наставниците по физичко и здравствено образование м-р Христина Ристевска и Александар Николовски ни одговорија дека интересот кај децата е голем и се мотивирани дури и на овој начин да одговорат на спортските предизвици. Директорката Бранка Лазаревска дава целосна поддршка за вакви активности и со задоволство истакна дека следните два месеци, дел од учениците ќе се натпреваруваат како дел од проектот „Предизвикај се себеси, биди активен„ (Challenge yourself and be active) реализиран од здужението РАСТ и РАЗВОЈ, а поддржан од Група 484 и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, Србија.

More from БитолаMore posts in Битола »