Во последните 24 часа во Битола според информации на министерството за здравство обавени на новната фејс бук страница, регистрирани се 6 нови заболени од ковид-19.
Заболените се на возраст од 16 до 70 години, од кои едно лице дава податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), а едно лице е од веќе познат кластер.
Во Битола има и 5 оздравени лица.
Вкупно се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19.
Во болнички услови се починати 2 пациенти, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 188.777 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.977, бројката на оздравени пациенти е 14.959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.279.






