Во Битола, од Офицерски дом, пред споменикот на Стив Наумов, преку Широк Сокак, Безистенот се до СВР Битола се одржа мирен протест за поддршка на полиција на кој учествуваа повеќе од 2.000 битолчани, кои со аплаузи и транспаренти ја искажаа својата поддршка за полицијата, како и барања се повлекување на кривичните пријави и дисциплински постапки против суспендираните полицајци од инцидентот пред десетина дена.
Преку протестот битолчани искажаа за јавна поддршка за припадниците на полицијата, но и јавен протест против зачестените напади, омаловажувања и деградирање на полициските службеници во вршење на службените обврски и ги осудуваат сите недолични коментари посочени на социјалните мрежи.
По маршот низ центарот на Битола беа положени цвеќиња на споменикот на загинатите припадници на полицијата кај Вајце во 2001 година, а потоа беше прочитано и писмо кое беше предадено на дежурниот во СВР Битола, а ќе биде лично доставено и до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
-На полицијата основна задача му е да се грижи за сигурноста и безбедноста на сите граѓани во државата, а за жал, во последниот период се позачестени се нападите врз полициски службеници, вербални и физички, од поединци, групи, институции, а некои и конструирани за да ја деградираат и омаловажат и обесхрабрат полицијата. Во редовите на полицијата стојат вистински професионалци кои го штитат интересот на граѓаните. Не постојат граѓани од прв или втор ред, и никој не смее да биде над законот. Од се што видовме, разбравме дека нема ни најмал сомнеж за дискриминација, нити пречекорување на овластувањата. Полицискиот службеник секогаш пред себе го има етичкиот елемент и никогаш не напаѓа, но, должен е да реагира, а не да се претвори во топовско месо или жртва на оние што се стават над законот, а потоа се затскриваат зад некои заедници, беше речено на протестот.
Апелираме, министерот Оливер Спасовски да ги разгледа нашите барања кои се во насока на поголема заштита на оние кои не штитат нас, порачаа битолчани на граѓанскиот собир за поддршка на полицијата.
По читањето на писмото и по аплаузот од присутните во знак на поддршка беа подарени и каранфили на дежурните полицајки и полицајци пред СВР Битола.
На учесниците на собирот се приклучија и претставници на Независен синдикат на полицијата кои јавно побараа суспендираните полициски службеници кои минатата недела беа евидентирани во немил настан со неколку граѓани Роми, да се вратат на работа се додека не заврши истрагата и има институционални докази за тој случај.

Повеќе од 2.000 битолчани на мирен протест за поддршка на полицијата (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





