Денот на востанието 11. Октомври во Битола беше одбележан со повеќе настани на положување на цвеќе на спомениците на Народно олободителната борба и на партизанските грибишта, а централниот настан беше во село Бистрица, каде беше промовирано обновеното спомен обележје и целиот спомениничен комплекс, со спомен парк, со строги мерки на заштита и по зададените протоколи од Министерството за здравство.
Свеченоста започна со положување на цвеќе на споменикот во Бистрица кој е подигнат во 1971 година, а цвеќе положија градоначалниката на Битола – Наташа Петровска, делегација на Советот на општина Битола предводена од претседателот Валентин Груевски.
Како и делегација на Општинскиот сојуз на Борци и делегација на СДСМ-Битола предводена од престедателот Златко Ќурчиевски и пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска им го честита празникот на сите присутни и на сите граѓани на Битола и нагласи:
-Почитта кон оние коги што го дадоа најсветото, сопствените животи, не се искажува само со еден ден, еден подарок, со поставување цвеќе пред спомен обележјата. Оваа локална самоуправа покажа дека почитта треба да се негува постојано, а тоа е најдобар пример со возобнувањето на овој споменик и на тој начин дава придонес кон зачувувањето на споменот на оние од минатото, кои што се најзаслужни за нашата слобода. Не само што го возобновивме споменикот, извршивме реконструкција, туку и целосно се изврши хортикултурно уредување на овој дел околу споменикот во Бистрица, каде што многу често сега навраќаат и битолчани. Навраќа и месното население, се дружат и на тој начин го сочувуваат споменот за се што се случувало во минатото. Само така, како народ, можеме да покажеме дека врдностите кои што се негуваат од историјата, можеме да ги сочуваме, а со тоа и да се сочуваме себе си. Нека ни е честит 11 Октомври, денот на востанието и борбата против фашизмот.
Спомен паркот го уреди ЈП “Комуналец“, а директорот Панде Богоевски рече дека ова јавно претријатие помага во уредување на повик на граѓаните, а овој пат на иницијативата на градоначалничката да се уреди овој спомен парк во Бистрица. Но, нагласи Богоевски дека мора ова место да го чуваме сите, жителите на Бистрица, но и битолчани кои редовно доаѓаат тука.
Претседателот на урбаната заедница од Битрица, Чулаковски, им се забагодари на сите учествуваа во обновата на споменикот и спомен паркот.
Поради пандемијата и протоколите не се одржа уметничка програма, а настанот беше одбележан само со изведба на еден учесник.Огнен Радуловиќ, кој ги воодушеви присутните со изведба на македонска композиција на гајда. Споменикот на НОБ во Бистрица го симболизира Вториот реонски комитет на Комунистичката партија на Битола и Битолско и има големо значење за регионот, историјата и антифашистичката борба.

11.Октомври одбележан со промоција на обновеното спомен обелејже во Бистрица (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Соопштение на ЕСМ Молика: по инспекциските надзори во кујната на РЕК “Битола“ продолжува со работа
- СВР Битола: битолчанец крадел нафта, полицијата го приведе
- Во Битола променливо облачно и нестабилно, температурата до 20 степени
- Дождот ја расипа втората вечер на винскиот фестивал во Битола, организаторите очекуваат кулминација утре (фотогалерија)
- КК Пелистер: дојдете во сала, поддршка е потребна во полуфиналето против МЗТ





