Press "Enter" to skip to content

Дождот ја расипа втората вечер на винскиот фестивал во Битола, организаторите очекуваат кулминација утре (фотогалерија)

-На платото пред Офицерски дом во Битола утре вечер ќе настапат групите “Љубојна“ и“Паркети“, а битолчани ќе уживаат во вино, музика и градска атмосфера.

Променливото време и пролетниот мајски дожд во Битола ја расипа втората вечер на Винскиот фестивал кој се одржува на платото пред Офицерски дом.Иако организаторите се подготвуваа како да биде се во најголем ред и да биде се како треба дождот не дозволи битолчани и гостите од регионот да уживаат во винскиот фестивал, кој на посетителите им донесе дегустации на македонски вина, музичка програма и дружење под отворено небо.Денес на големата сцена кај Офицерски забавата започнаа во 18 часот со Resident DJ и продоли со “Lockdown“.Главни ѕвезди на сцената на платото пред Офицерски дом беа членовите на оркестар “ДИВА“ со Ана Петанова,  Јасна Димитровска и Бојан Стојков кој уште еднаш го потврдија својот квалитет и посветеност на публиката во Битола.Вечерта ја затвори DJ Гоце Саф.Организаторите за утре ја најавуваат кулминацијата на вискиот фестивал, а претставникот на организацијата на Вински фестивал Битола, Пане Темов ни рече:-Се можеме да направиме и се да организираме, но не можеме против времето. Имавме одлична програма вечерва, а најхрабрите кои се тука ужуваа во виното и музиката. Утре вечер ќе биде најдобрата вечер, а битолчани и нивните гости ќе уживаат.Утре забавата започнува во 18 часот со Resident DJ, продолжува Zdrave Music. Во 21 часот не сцената ќе биде групата “Љубојна“, а за крај на годинашниот фестивал ќе настапат “Паркети“.Инаку, на фестивалот на преубаво уредено плато на Офицерски дом се претставени 14 винарии со повече од 100 етикети.

Жанета Ристевска

[ngg src=”galleries” ids=”2857″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from БитолаMore posts in Битола »