Press "Enter" to skip to content

Д-р Невена Груевска, прва жена претседател на МНД-Битола: не се плашам и не потклекнувам пред поставените цели и задачи (фотогалерија)

Жанета Ристевска

Оваа година јубилејна за Македонското научно друштво – Битола прослави 60 години постоење како невладино и непартиско тело во заедницата, а оваа 2020 година сигурно ќе се памети и по назначување за жена претседател на МНД Битола за прв пат.  Доцент д-р Невена Груевска е прва жена нов претседател на друштвото. Одлуката за избор на д-р Груевска е донесена на редовно изборно Собрание кое се одржа на 29 септември во пациото на битолскиот Музеј.  Тоа беше и повод за разговорот со Невена Груевска кој  го направивме во канцеларијата и седиштето на МНД Битола,  во НУУБ “Св. Климент Охридски“.Невена Груевска е доктор од областа на природните науки. Ангажирана како професор- доцент на група предмети на факултетот за безбедносно инженерство при МСУ “Гаврило Романович Державин“, приватна високо образовна институција. Не дочека достоинствена, сериозна, но и искрена дека малку преплашена од предизвикот и одговорноста која стои пред неа на местото претседател на МНД иако како  истакна:-Себеси се сметам  за човек кој не се плаши и не потклекнува пред  поставените цели и задачи. Со која и да е активност да започнам се внесувам целосно и максимално до завршување  на истата. Ми  претставува особена чест и гордост што за првпат после 60 години на едно вакво раководно место доаѓа жена. Големата способност за организација, креативност, умешност во  менџирањето како и присуството на она, шесто чуло кај припадничките на понежниот пол, беа клучниот момент  да како  претставници и во другите раководни тела на МНД во идниот двегодишен мандат бидат поставени жени.На 60 годишнината од МНД имате чест да бидете прва жена претседател на друштвото. Кажете ни околу ова?

-На чело на МНД дојдов во јубилејната 60-та година од основањето на истото. Изборното собрание кое требаше да се одржи на крајот на месец мај или почетокот на јуни, беше одложено заради актуелната ситуација со пандемијата со ковид-19 и истото се одржа на 29 септември во Пациото на Завод и Музеј со примена на сите ковид мерки кои се препорачани од страна на комисијата за заразни болести. Изборот беше направен со гласање на делегатите кои беа присутни на Изборното Собрание. На истото во кратки црти ја образложив програмата за работа на МНД во мојот двегодишен мандат кој само што започна.За вашето членство во МНД Битола

-Целото свое образование го стекнав на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола на Факултетот за биотехнички науки. После одбраната на мојот докторски труд  пред неколку години,  ангажирана сум  како професор- доцент на група предмети на Факултетот за безбедносно инженерство при МСУ “Гаврило Романович Державин“, приватна високо образовна институција која нуди беспрекорни услови за работа со студентите. Во МНД се зачленив во 2010 година веднаш после моето магистрирање по иницијатива и препорака на мојот ментор проф. д-р Митре Стојановски кој во мене секогаш гледал лице кое сака да истражува, да доаѓа до нови сознанија и резултати. За да се биде член во едно од осумте одделенија на МНД потребно е да се има титула магистер или доктор на науки  како и претходно добиена препорака од неколку активни членови на друштвото, додека пак за уметниците можноста за членување е да истиот е познат и признат со врвни достигнувања во својата област на делување. Дека е чест да се биде член на МНД зборува и фактот што 14 академици на МАНУ пројавиле желба и се членови на МНД.Ваша визија за понатамошно работење на МНД во иднина

-Повторно фокусот ќе биде ставен на организирање на конференции, трибини, различни предавања од соодветна област како и продолшување со издавање на повеќе списанија и книги од кои посебно би ги издвоила Современи дијалози кој веќе е признат и на меѓународно ниво како и списанието Прилози. Обврските и одговорноста на една жена која е сопруга, мајка на три деца,  успешен работник со поголем број ангажмани, мора убаво да се избалансира.Сето ова го постигнувате со водење на здрав живот и повеќе спортски активности, со еден збор жена со спорстски дух. Кажете ни повеќе околу ова…

-За да можам да го постигнам сето она што го имам замислено за реализација во текот на еден ден како на професионално така и на приватно поле, морам да имам доволно енергија која ја надополнувам со редовна секојдневна физичка активност. Викендите  редовно, без исклучок и без разлика на временските услови ги  минувам на планина и често пати знам во телефонски разговор на прашањето каде се наоѓаш да одговорам: ДОМА, бидејќи присуството таму навистина целосно ме релаксира и исполнува, без разлика дали планинарам или скијам по падините на Баба планина. Посебно задоволство ми причинува што полека, полека од ден на ден успеав таа моја пасија да  ја пренесам и на моите три сина, а секако и на сопругот, кои веќе редовно ми прават друштво на тие прошетки.Додека во работните денови практикувам да возам велосипед во околината на Битола или пак да  истрчам по неколку километри  во градскиот парк притоа фрлајќи поглед кон игралиштето на некој од тренинзите на моите синови –фудбалери . Колкава е мојата стекната кондиција имав можност да си ја проверам и на прекрасно организираниот настан пред две седмици во нашиот град градската трка “Трчај бе“.Луѓето кои се успешни во животот свесно и намерно се грижат за себе, и затоа водат сметка за своето  физичко, емотивно, психичко и духовно здравје со тоа на овој начин тие постојано вложуваат во себе.  Нашата соговорничка   тоа го постигнаува и со храброст,  одговосрност, управување со себе,  вистиниљубивост, акција и покрај успехот на приватен план сопруга и мајка на три деца, ќе го реализира и во својот мандат како прва жена претседател на МНД Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »