Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од фаќање со двете раце од назад со примена на реален аикидо

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога напаѓачот ве фаќа со двете раце од назад, со примена на техника од реален аикидо.

Одбраната од напад кога напагачот ве фаќа со двете раце од назад, за двете рамена се прави на следниот начин. Откако напаѓачот ќе ве фати правиме полукруг назад лево и веднаш се наоѓаме со главата меѓу рацете на противникот. Потоа со десната рака во пределот на лактот ја туркаме левата рака, односно двете раце, во лево на долу при што изведуваме лост на левиот лакт на напаѓачот, по што со совладуваме.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.