Денес, четврток, 22 октомври, во Битола, времето според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи ѓе биде претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла. Температурата во Битола до 20°С.
До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Највисоката дневна температура во Битола од 20 до 25°С.






