Press "Enter" to skip to content

Директорот на на Институтот за стандардизација, Џевад Кицара, во посета на “Водовод“: водата во Битола по сите светски стандарди (фото)

Денес во посета на ЈКП “Водовод“ – Битола беше директорот на на Институтот за стандардизација Џевад Кицара кој по обиколката на филтерницата во село Дихово, со директорот Горан Козаров, потпишаа меморандум за соработка.Средбата и посетата на Кицара во Битола е по барање на Козаров, со цел да се применат сите стандарди за преработка и дистрибуција на технички чиста и исправна вода.По посетата на филтерницата за која Кицара имаше само пофални зборови, Горан Козаров рече:Со воведување на стандардите кои се пропишани во ЕУ и имплементирани кај нас, ние ќе го подобриме квалитетот на водата во Битола и во другите општини кои ги снабдуваме со вода. При тоа ќе го зголемиме новото на образование кај вработените, заштитата и грижата кон водата при производството на чиста и технички исправна вода за пиење.  ЈКП “Водовод“ ќе ги има сите стандарди кои се пропишани. Директорот на на Институтот за стандардизација Џевад Кицара откако му ги предаде пријавите и сите потребни документи за добивање стандарди рече:-Битолчани пијат исправна вода која е третирана по сите светски и европски стандарди за водоснабдување на населението. Ова денес го констатирав при посетата на ЈКП “Водовод“ Битола на филтерницата, каде се работи по сите пропишани стандарди. Битола е еден стратешки град, втор по големина и битно е граѓаните да имаат квалитетна вода за пиење. Вкупно до сега има 557 усвоени стандарди за сите дејности, а од нив само за вода се 323, започнувајќи од анализа на квалитет, па се до водоснабдување. Со потпишпувањет на меморандумот ЈКП “Водовод“ – Битола ќе стане членка на Институтот и ќе има право на обуки од страна на Инситутот за сите вработени за секој стандард посебно, иако како рече Кицара сите се стручни во својата област, но мора и понатаму да се усовршуваат по европските стандарди.