Eкономскиот факултет – Прилеп, кој е дел од големото семејство на Унивезритетот “Св. Климент Охридски“ оод Битола, одбележа голем јубилеј, 60 години од основањето.
Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски со ректорскиот колегиум се приклучи кон чествувањето на значајниот настан, истакнувајќи дека како „најстара“ единица на Универззитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, економскиот факултет е вброен во пионерите во високообразовната едукација во областа на економските науки и бележи завидна репутација во академските и стручни кругови во земјата, но и пошироко.
Од име на Економкиот факултет поздравна реч одржа деканот, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, а обраќање и честитки за јубилејот упати градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
Во духот на чествувањето, доделена е награда на најдобриот студент, Катерина Шулеска која дипломирала со просек 10.
Распишан е и студентски конкурс за најдобар есеј на тема: Европската перспектива и предизвиците на младите дипломирани економисти во современата циркуларна економија.






