Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: адаптација во новата реалност и системи на вредност

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Светот се менува со голема брзина, особено после корона кризата и пандемијата, која донесе неизвеснот и страв од новиот  вирус. Со неизвесноста и стравот анксиозност – “нова реалност“ нови правила на однесување, физичка, социјална дистанца, социјално изолирање. Ова доведе до големи промени на социјален, политички, економски план, образование, култура, како е некои други морални, етички вредности. Сите овие промени го ставаат човекот пред предизвици и недоумици и голем број прашања. Човекот како социјално битие треба да се адаптира на тие промени.

Адаптацијата би требало да биде нешто корисно за личноста. Но сега во овие услови можеме и да се запрашаме, дали е добро да се биде неприлагоден, или дали прилагодувањео на новото  услови кои ни изгледаат и нездрави може да биде здраво? 

Ако условите во нашето социјално опкружување се променети изместени може ли човек во окружувањето  да остане ментално здрав? Но сепак ако се  постави поинаку прашањето, има ли воопшто во нашето општество, во светот ментално здрави личности.Ако одговорот би бил позитивен, следуваат други прашања, како тие луѓе тоа го постигнале, како успеале да се бидат прилагодени, функционални, во пореметено опкружување, како можеме да рзавиеме имунитет во пореметена околина, патогени услови на живот?

-На тоа прашање заедно со моите клиенти бараме одговор веќе 40 години, вели психотерапевтот, Небојша Јовановиќ.

Што е заедничко на оние кои кои успеале да се прилагодат, а да тоа прилагодување не е на штета на нивното ментално здравје?

-Научиле да препознаат манипулација во системите (било да се тоа партнерски односи, семејство, фамилија, социјални односи, работни односи, општеството).

-Научиле да разликуваат реалистични барања и она што е потребно за да некоја група биде функционална, од невроптичните барања кои водат кон некоја вид на експлоатација на другиот.

-Научиле да ги раздвојат чувството на сопствена вредност од исполнувањето на манипулативните барања на другите.

-Научиле дека изместениот систем на вредности не влијае на нив.-Ако останале во некој пореметен систем, научиле да ја гледаат сопствената работа, исполнување на функционалните барања, а избегнуваат да бидат вовлечени во манипулација.

-Научиле да бидат самоодрживи, независни или што помалку зависни од пореметените системи, што им дава можност да се спротистават  на манипулација.

-Го организараат својот живот така да што повеќе се опкружуваат со независни и немапулативни луѓе.

-Направиле свои системи на (семјство, фирма, работно опкружување) во кое функционират на здрави основи на взаемност.

-Се оддалечиле, колку што можеле, од влијанието на нездравите системи.

-Поголемиот дел од нив развиле свои сопствени приватни фирми на здрави основи (чесна размена со корисниците на нивните услуги или производи.)

-Не, не побегнале на пусто острво, но направиле некои свои острови во морето и се заштитиле од беснило кое и понатаму ги заплиснува, но, не ги поплавува нивните брегови. Се може, некако… но вистински бара доста промисленост, работа, напор и верба во себе, вели Небојша Јовановиќ.