Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер немаше среќа во завршницата, со минимален пораз се враќа во Битола

ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер 30:19 (14:14)

ГОГ Гудме: Питлик 7, Песерсен, Нилсен 5, Гарсдал, Мадсен, Харлримсон, Бергендал 1, Килденут 5, Захаријансен 1, Неверс, Јакобсен 9, Олсен, Андерсен, Клаусен, Гидсен 2.

Еурофарм Пелистер: Мараш 3, Ојлевски, Марковски, Маџовски 3, Мандалиниќ 11, Кушан 8, Стјепановиќ, Радовиќ, Танковски 2, Трајковски, Периќ 2, Костевски 1, Чаневски, Вегар, Куковски, Велковски.Екипата на Еурофарм Пелистер со минимален пораз од само еден гол разлика се враќа во Битола, од гостувањето во Данска, по последните минути од натпреварот во кои не успеа да ги искористи шансите за гол, а не успеа ни во последните секунди да дојде до израмнување иако го имаше последниот напад за реми.

Еурофарм Пелистер на правиот натпреват од Лигата на Европа покажа солиден квалитет уште на стартот кога имаше водство од 0:2, и 2:4. 2:0 по следуваше рамноправна игра, за на полувреме да биде 14:14.

По репризата на првото полувреме во вториот дел се до средината, по што Еурофарм Пелистер во 48. минута имаше +2 (21:23), а ГОГ Гудме потоа се врати во игра. Потоа исто водство од +3 и во 56. минута за водство од 27:29. Потоа следуваа три напади за три гола за ГОГ Гудме за победа од 30:29.

Тренерот Жељко Бабиќ на официјалната прес-конференција истакна:

-Тажен сум, но во исто време и многу горд што мојот тим одигра храбро. Беа многу цврсти во одбраната и одлично се снаоѓаа во незгодните ситуации. За да се одигра цел натпревар на ниво, потребна е голема доза на концентрација. Имавме шанса за реми, но домашниот голман го спречи тоа. Ова е наш прв официјален натпревар по пауза од осум месеци, но задоволен сум од настапот. Мора да го пофалам нашиот втор голман, кој денес беше одличен. Се надевам дека ќе биде подобро на следните натпревари.

More from БитолаMore posts in Битола »