Press "Enter" to skip to content

Во “Веро“ и “Тинекс“ во Битола, по најдобри цени, недела на Грчки вкусови до 1 ноември

“Недела на Грчки вкусови: Квалитет што може да си го дозволите” ќе трае до 1-ви Ноември 2020 година.

Потрошувачите во Битола ќе имаат можност да добијат квалитетни грчки производи по најдобри можни цени во ланецот на маркетите “ВЕРО“ и “ТИНЕКС“.

Оваа иницијатива на Канцеларијата за Економски и Трговски односи при Грчката Амбасада во Скопје е под покровителство на Амбасадорот Димитрис Јанакакис и е прифатена од гореспоменатите компании.Целта е да се донесе грчкиот вкус на секојдневната трпеза. Особено во овој временски период, бидејќи пандемијата влијаеше на куповната моќ на потрошувачите, додека граѓаните на Северна Македонија не можат да патуваат во Грција, како што обично прават, за туризам и шопинг.

Имајќи го предвид ова, сакаме да им дадеме можност на сите да го почувствуваат “вкусот на Грција“. Грчки вкус со најдобар квалитет и најдобра цена.

Фирми учесници / продавници во Битола: “ТИНЕКС“ супермаркет, “ВЕРО“ супермаркет.

More from ВестиMore posts in Вести »