Press "Enter" to skip to content

Волонтерки до Турција и Чешка волонтираа во “Бага фуд“ и “Њу хаус“, плата ја донираа во храна за “Утешител“ (фото)

Здружението за поттикнување на економскиот и културен развој “ЕРЦ соработка“ –
Битола во соработка со компанијата “Бага фуд“ од Битола и “Њу хаус“ од Битола и хуманитарната организација “Утешител“ од Битола, го имплементираа проектот “Poverty of Humanity“ поддржан од програмата Европски солидарен корпус и националната агенција за европски образовни програми и мобилност.Проектот е во времетраење од 2 месеци односно од 15 септември до 15 ноември каде две
волонтерки од Република Турција и Република Чешка во активно работеа на неговата
имплементација.Целта на проектот е поттикнување на свеста на населението и младите за почесто организирање на банки за храна при што овој тип на активност е многу слабо застапен во регионот и балканот за разлика од другите европски држави.Волонтерките волонтираа во фабриката на “Бага фуод“ и “Њу хаус“ палачинкара, при што за возрат на волонтерските сати на завршниот настан “Баге Фоод“ донираше конзервирана храна на повеќе од 20 фамилии корисници на Хуманитарното здружение “Утешител“ од Битола.