Денес на ски-патеката “Копанки“, која е омилена на љубителите на скијањето од Битола и која има долга скијачка традиција, поврзана со “Пелистерскиот велеслалом“, АД ЕСМ организираше акција за чистење.
Како истакнаа од ЕСМ покрај самата акција сакаат и да ја подигнат јавната свест за соодветно одложување на отпадот, за важноста од зачувување на природата и на планинските центри како места од особено значење, како за индивидуалното, така и за колективното здравје на само во Битола туку и пошироко.
На стартот на акцијата точно на пладне генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски рече:
-АД ЕСМ овде го има својот хотел “Молика“, кој е заштитен знак на Пелистер и на Битола, и исто така оперира со ски-центарот “Копанки“, така што како компанија имаме голема одговорност за битолчани, за нивната рекреација, за Пелистер, за природното национално богатство, и за сите граѓани љубители на планинскиот престој и планинскиот воздух. Во изминатиот период вложивме во подобрување на условите во самиот хотел, се вложува и во други сегменти на инфраструктурата, а во иднина уште поинтензивно ќе се преземаат активности за подобрување на условите за граѓаните и туристите кои сакаат да ги посетат убавините на Пелистер, а потенцира:
-Акцијата за чистење на ски-патеката “Копанки“ се организира со почитување на сите препораки за заштита од ковид-19 и по сите стандарди одредени од надлежните органи, и дека со паметно и одговорно применување на здравствените превентивни мерки, животот и обврските можат да продолжат понатаму и круцијалните работи не смеат да запрат.
Ковачевски упати и апел за решавање на имотниот спор за планинаскиот дом “Копанки“:
-Ги повикувам надлежните институции, Општина Битола, а посебно планинарското спортско друштво Пелистер, да ги разрешат имотно-правните односи околу изгорениот објект на планинарскиот дом “Копанки“ и ски-стазата, и сите заеднички да инвестираме во нив и повторно да ги вратиме во функција, со цел граѓаните на Битола и сите љубители на планината да можат да спортуваат и да се рекреираат.
Во денешната еко-акција учествуваа скијачите и управата на СК Пелистер, велосипедистите на “Ектреим бајк“, вработените во хотелот “Молика“, како јавните претпријатија од Битола, синдикатот на РЕК “Битола“, вработени од Националниот парк “Пелистер“, граѓани…
[ngg src=”galleries” ids=”620″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






