Press "Enter" to skip to content

Шестата меѓународна научна конференција на БАС, “Современите менаџерски предизвици и организациските науки”

БАС Институтот за менаџмент од Битола со организаторство со Бизнис Академија Смилевски – БАС и Универзитетот Милтон Фридман од Будимпешта ја одржа оваа меѓународна конференција.

БАС Институтот за менаџмент од Битола со организаторство со Бизнис Академија Смилевски – БАС и Универзитетот Милтон Фридман од Будимпешта, ја одржа шестата меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки” со посебен тематски фокус „Дигитализацијата и сајбер безбедноста како менаџерски предизвици”. Конференцијата се одржа на 30 и 31 октомври, онлај со користење на зум платформата.На свеченото отворање свои поздравни говори имаа: проф. д-р Лидија Стефановска – претседател на организацискиот одбор на конференцијата, проф. д-р Цветко Смилевски – претседател на програмскиот одбор, проф. д-р Тони Соклевски во името на Бизнис Академија Смилевски БАС, Ректорот на Универзитетот Милтон Фридман од Будимпешта Dr. JánosPerényi, како и градоначалничката на општина Битола м-р Наташа Петровска.Веднаш по свеченото отворање во рамките на првиот конференциски ден се одржа панел дискусијата Менаџерски муабети 3 со наслов „Дигитализацијата – носител на општествени и социјални промени“ со панелистите: проф. д-р Томе Неновски – ректор на УАКС, м-р Елизабета Наумовска – поранешен заменик министер за образование, проф. д-р Гордана Тасевска – професор на БАС, д-р Николче Шулевски – доктор по методологија на онлајн наставата и Менде Мицевски директор на Сектор за усогласеност со прописи, човечки ресурси, АМЛ/ЦФТ и ОСИС лице во Стопанска Банка АД Битола.На вториот конференциски ден беа презентирани пријавените 52 научни трудови, распоредени во четири секции. Организаторите сметаат дека оваа конференција ќе даде особен придонес на оние димензии на дигитализацијата и сајбер безбедноста кои досега се признавани, но не толку практикувани.

БАС уште од своето постоење пред повеќе од една деценија има дигитализираност на едукативната логистика со примена на Мудл платформата, која сега им овозможи лесен премин во сегашниот процес на онлајн студирање.

More from ВестиMore posts in Вести »