ЈКП “Водовод“ – Битола, утрово, вторник 3 ноември, започна со реконструкција и изведба на градежни работи, промена на стара водоводна мрежа.
Промена на стара водоводна мрежа ќе се врши на потегот од улиците “Ленинова“, комплексот “Пелагонка 2“, хотел “Епинал“, Центарот за култура, до семафорите на ул. “4-ти Ноември“, во центарот на Битола.
Затоа ЈКП “Водовод“ – Битола извести дека од 07:00 до 15:00 часот ќе има прекин на водоснабдувањето, како и пренасочување на сообраќајот.
Исто така прекин на водоснабдувањето ќе има на истиот потег и во деновите (среда, четврток и петок) 4, 5 и 6 ноември 2020 година од 09 до 15 часот, а сообраќајот ќе биде во прекин од улица “Ленинова“ (комитет на СДСМ Битола) до семафорите кај “Гроздот“ на улицата “Никола Тесла“.






