Press "Enter" to skip to content

Центар за јавно здравје-Битола: уште 11 позитивни пациенти на ковид-19 во хосписот “Сју Рајдер“

Ве информираме дека од вчерашните земени брисеви за КОВИД 19 (вкупно 17) во Хоспис Сју Рајдер- Битола, добиени се позитивни резултати за 11 пациенти.

Со тоа бројот на позитивни пациенти во организацијата е 23 (од вкупно земени 31 брис).

Во текот на денешниот ден, земени се 20 брисеви (7 од персонал и 13 од пациенти), материјалите сеуште се обработуваат, а во текот на следниве денови, ќе се тестираат останатите пациенти и персоналот од организацијата.

Според информациите од одговорните лица во Хоспис Сју Рајдер Битола, сите пациенти во моментов се со лесна клиничка слика.

ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола
More from ВестиMore posts in Вести »