На 03.11.2020 во СВР Битола, 55 годишник од Битола пријавил дека на крстосницата од ул.„Павел Шатев“ и ул. „Ристо Кавалиновски“ во Битола бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.11.2020 во СВР Битола, 18 годишник од Битола пријавил дека во Битола бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.11.2020 на ул.„Широк Сокак“ во Битола, 44 годишник од Битола агресивно се однесувал и навредувал полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.






