Press "Enter" to skip to content

Уште 10 пациенти во хосписот “Сју Рајдер“ позитивни на ковид-19, со 6 вработени вкупно 39

Денес во кластерот во хосписот “Сју Рајдер“ во Битола има уште 10 позитивни на ковид-19, или вкупно до денеска 33 заболени , а позитивни на ковид-19 се и шестмина вработени.

Вкупно од 46 тестирани во хосписот дури кај 39 е потврден вирусот, соопштија од Центарот за јавно здравје, а  заболените се со лесна клиничка слика покриени со двојна терапија и под надзор на доктори од „Сју Рајдер“ и инфектолози од Клиничка болница во Битола.

Денес се земени 15 брисеви од пациентите и еден брис од персоналот кои се без симптоми.

More from ВестиMore posts in Вести »