Денес, четврток, 5 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 16°С.
Утре, петок, 6 ноември, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за утринска магла по одделни котлини. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 16°С.






