Press "Enter" to skip to content

Зголемен бројот на позитивни на ковид-19 во хосписот “Сју Рајдер“, како на пациенти, така и на вработени

И денес има нови позитивни на ковид-19 во хосписот „Сју Рајдер” во Битола, како на пациенти, така и на вработени во оваа здравствена установа во Битола. Бројот на пациенти позитивни на ковод-19 денес се искачи на 47. Во хосписот “Сју Рајдер“ се сместени 61 пациент, главно немоќни поради разни болести, неподвижни, со малигни заболувања и други тешки болести.

Денес се регистрирани се и нови случаи на позитивни и кај вработените и бројот на вработени кои се позитивни на ковид-19 изнесува 19, сите се асимптоматски случаи.

More from ВестиMore posts in Вести »