Во последните 24 часа се направени 3082 тестирања, а регистрирани се 1.128 нови случаи на ковид-19, а во Битола и денес има голем број на позитивни лица на ковид-19, вкупно 57.
Со новите случаи во Битола до сега има регистрирани вкупно 939 лица, активни се 442 случаи на лица позитивни на ковид-19.
Денес се починати се 12 лица, од кои двајца од Битола на возраст од 44 и 72 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 307 оздравени пациенти од кои во Битола има 19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 70 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 265.528 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 37.499, бројката на оздравени пациенти е 22.835, на починати е 1.096, а бројот на активни случаи изнесува 13.568.






