Press "Enter" to skip to content

Фото вест: искастрени дрвјата на улица “Димитар Илиевски – Мурато“ во Битола

Екипи на јавното претпријатие “Комуналец“ од Битола деновиве го искастрија дрворедот на улицата “Димитар Илиевски – Мурато“ во центарот на Битола.

Се искастрија дрвјата од страната на Центарот за култута, пред хотелот “Епинал“ како во продолжени на улицата до крстосницата кај “Гроздот“.

Напоредно со екипите на “Комуналец“  на оваа улица работат и екипи на ЈКП “Водовод“ од Битола кои ја променуваат старата водоводна мрежа, а целата улица комплетно ќе се реконтруира.

More from ВестиMore posts in Вести »