Во последните 24 часа се направени 3.404 тестирања, а регистрирани се 1.285 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 57 нови позитивни лица.
Починати се 14 лица, едно лице од Битола на 75 годишна возраст.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 268.932 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 38782, бројката на оздравени пациенти е 23011, на починати е 1110, а бројот на активни случаи изнесува 14661.






