Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола магла и ниска облачност наутро, потоа сончево време

Денес, понеделник, 9 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе продолжи периодот на стабилно и суво со слаб ветер. Претпладне по пелагониската котлина ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе преовладува сончево време. Температурата во Битола до 16°С.

Утре, вторник, 10 ноември, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Температурата во Битола до 14°С.

More from ВестиMore posts in Вести »