На 07 и 08.11.2020, во периодот од 16.00 до 22.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на подрачјето на СВР Битола спровеле акциска контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
Притоа, кај 28 возачи било утврдено присуство на алкохол и тие бил исклучени од сообраќај, а против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.






