Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанец лажно пријавил кражба, заработи кривична пријава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22 годишник од Битола, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

Тој, на 06.10.2020 во Полициската станица Охрид пријавил дека претходниот ден во охридското село Куратица непознат сторител му одзел мобилен телефон и пари.

По преземени мерки, било констатирано дека во тој период пријавениот не престојувал на подрачјето на СВР Охрид.

 
More from ВестиMore posts in Вести »