Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола и Техничкиот факултет Битола со организација на ПРВА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА под наслов „Техниката и урбаниот развој-ТУР“ и оваа година го одбележуваат светскиот ден на науката.
Идејата за првата студентска конференција е резултат на заедничките активности на Факултетското студентско собрание и студентската сообраќајна единица при ТФБ, и потребата од размена на идеи помеѓу студентите, помеѓу студентите и нивните професори и помеѓу студентите и стопанствениците за влијанието на науката и техниката во решавањето на актуелните енергетски, сообраќајни и проблеми со одржливиот развој на градовите.
-За нас првата студентска конференција која како интерфакултетска со едукативен и апликативен карактер овозможува студентите да ги продлабочат своите знаења во областите од нивниот интерес (сообраќај, транспорт, машинство и електротехника), а од аспект на одржливиот урбан развој има голема важност, а главна цел ни е „теренот и податоците да ги донесеме во лабораторија, додека науката да ја изнесеме на терен“. Ветуваме дека конфренцијата од факултетска ќе прерасне во универзитетска студентска конференција и дека ќе ни стане традиција, најави вонр. проф. д-р Јасмина Буневска Талевска.






