Press "Enter" to skip to content

“Бител“: заради состојбите со ковид-19 фактури ќе се издаваат еден ден пред закажаниот термин во Општина Битола

“Бител“-Битола со соопштение до лицата кои добија субвенции за инвертер клими:

Почитувани, 

денес официјално излезе конечниот список на добитници согласно јавниот повик за субвенционирање на клима уреди објавен на веб-страната на Општина Битола.

Заради ситуацијата со вирусот и со цел да се избегнат непотребни гужви, Ве замолуваме сите кои се наоѓате на списокот и треба да дојдите за да земите фактура, да дојдите еден ден пред датумот на кој треба да ги однесите документите во општина.

Доколку терминот Ви е во понеделник, фактурата ќе можете да си ја земите во петок.

Ви благодариме за разбирањето, “Бител“ – Битола
More from ВестиMore posts in Вести »