Денес, среда, 11 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне со умерена до значителна облачност. Околу пладне и попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура во Битола ќе биде до 14°С.
Утре, четврток, 12 ноември, во Битола времето ќе биде сончево со мала локална облачност, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Максималната температура во Битола ќе биде до 14°С.






