Денес во Скопје, на 77 годишна возраст почина поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Пелистер, и генерален директор на градежното претријатие “Пелагонија“ од Битола, Митко Бутлевски – Бутле.
Битолчани, посебно љубителите на фудбалот во Битола, Бутле, ќе го паметат по придонесот кој го има дадено во развојот на фудбалот во Битола, влегувањето во Втората југословенска лига, формирањето на младинскиот фудбалски школи, а секако и по инфраструктирните работи на градскиор страдион под Тумбекафе.
З време на неговото време кога беше претседател на Пелистер и генерален директор на “Пелагонија“ се изврши комплетна реконтрукција на стадионот, се изгради големата трибина, се направија помошните терени, се реконструира делот по старата трибона со соблекувални, место за новинари, делегат, судии…
На фудбалски план, битолчани ќе го паметат Бутле по тоа што под негово водство Пелистер се пласира и одигра дел од натпреварите во Првата сојузна југословенска лига, пред распаѓањето на Југославија, а претходно во 1982 година Пелистер по вторпат во историјата се избори за пласман во Втората југословенска лига.
Исто тка Бутле ќе биде запаметен и по тоа што од школата на Пелистер излегоа неколку интернационалци, а ќе го паметат и по транферите на некои фудбалери на Пелистер во екс-југословенските простори.






