Press "Enter" to skip to content

Вчера во Битола 50 нови позитивни на ковид-19, оздравени 19, активни 573 случаи

Вчера во дрќавата беа направени 3.836 тестирања, а регистрирани се нови 1.321 нови случаи на ковид-19, од кои 50 се во Битола. Инаку досега во Битола се регистрирани 1.147 битолчани, а активни се 573 случаи.

Институтот за јавно здравје регистрира 433 оздравени пациенти од кои 19 во Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 279.770 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 42.540, бројката на оздравени пациенти е 25.353 на починати е 1212, а бројот на активни случаи изнесува 15.975.

More from ВестиMore posts in Вести »