На 12.11.2020 од Клиничка болница Битола во СВР Битола пријавено е дека од с. Граешница, атар на село Граешница е донесено повредено лицето Е.У. (23) од
с. Граешница.
Имено повреденото лице заедно со неговиот брат во близина на семејната куќа во село Граешница со моторна пила сечеле дрва кога во еден момент Е.У се пресекол со моторната пила во пределот над левата надколеница и веднаш со возило на службата на итна медицинска помош е префрлен во Клиничка болница Битола каде е задржан на лекување.






